Connect with us

Американски инвеститори го купија Лион

Американската инвестициска компанија „Eagle Football Holding“ на своето растечко меѓународно портфолио ја додаде контролата врз Лион, пренесе АФП.


Холдингот е контролиран од технолошкиот претприемач Џон Текстор, кој исто така има удели во Кристал Палас од англиската Премиер – лига и во Ботафого од Бразил.


Зделката, која се проценува на повеќе од 800 милиони евра, беше завршена по повеќе од шест месеци преговори. Во јуни, претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас, рече дека двете страни се ракувале.


„Eagle Football Holding“ го купи уделот контролиран од Аулас, како и малцинските акции на француската компанија „Pathe“ и кинеската инвестициска компанија „IDG Capitals“.


Во соопштението се вели дека Аулас (73) „ќе го задржи оперативното претседавање со Олимпик Лион најмалку три години и ќе биде со својот тим“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови