
Аргентина е на врвот на светот. Лионел Скалони ја одведе до трофејот од Копа Америка, а сега и до третата светска титула во историјата. Младиот стратег ќе остане засекогаш запишан како предводник на генерацијата на Лионел Меси.
Тој вели дека сега чувствува големо олеснување и се надева дека овој трофеј ќе биде мотивација за многу млади деца да играат фудбал во иднина.
„Сè уште не можеме да сфатиме каков успех направивме, но убаво е да се биде светски шампион. Овој тим помина низ сѐ и сешто. Горд сум, но помалку возбуден бидејќи сега чувствувам некакво олеснување. Ова е неверојатна група играчи , имаат огромна самодоверба. Ова е историска трета титула. Се надевам дека момчињата од цела Аргентина сега ќе сакаат да станат фудбалери и репрезентативци, да го освојат Светското првенство како овие херои“, изјави аргентинскиот селектор Лионел Скалони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
