Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тавади, за првпат потврди дека стотици работници мигранти загинале за време на градежните работи поврзани со првенството. Станува збор за, како што рече, околу 400 до 500 работници, што е неспоредливо поголема бројка од онаа што претходно ја наведоа катарските власти.
Во интервју за Пирс Морган што се емитуваше на „TalkTV“ во понеделникот, Ал-Тавади беше прашан за бројот на смртни случаи на работници мигранти како резултат на работата поврзана со Светското првенство и рече:
„Проценката е околу 400, меѓу 400 и 500. Јас немам точна бројка, тоа е нешто за што се разговарало. А и една смрт е премногу“, рече тој. „Мислам дека секоја година се подобруваат стандардите за здравје и безбедност на градилиштата, барем на нашите градилишта, градилиштата за Светското првенство, оние за кои сме одговорни. Апсолутно“, изјави Ал-Тавади.
Претходно во ноември, владин претставник изјави за „Си-Ен-Ен“ дека имало три смртни случаи поврзани со работа на стадионите на Светското првенство и 37 смртни случаи кои не се поврзани со работа на самите градилишта на стадионот.
World Cup boss Hassan Al-Thawadi tells Piers Morgan 400-500 migrant workers have died as a result of work done on projects connected to the tournament.
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 28, 2022
"Yes, improvements have to happen."@piersmorgan | @TalkTV | #PMUQatar pic.twitter.com/Cf9bgKCFZe
Тие бројки ги повтори и портпаролот на Врховниот комитет на Катар за испорака и наследување.
„Гардијан“, од друга страна, минатата година објави дека 6.500 работници мигранти од Јужна Азија загинале во Катар откако земјата го доби Светското првенство во 2010 година, и дека повеќето од загинатите работници биле вклучени во опасна работа за ниски плати, често на екстремна топлина.
Но, тој извештај не ги поврза сите 6.500 смртни случаи со инфраструктурни проекти на Светското првенство.
Минатата година, Ал-Тавади ја оспори бројката, велејќи за „Си-Ен-Ен“ дека насловот на „Гардијан“ е сензационалистички и погрешен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal