
Најтрофејниот македонски клуб Вардар доби суспензија од УЕФА за двегодишна забрана за настап во европските купови за сезоните 2019/20 и 2020/21. Единствениот начин да се спаси од ова е да ги плати заостанатите долгови до 31 јануари идната година. Вардар е меѓу трите клуба кои не го испочитувале финансискиот фер-плеј и затоа добиваат казна од регулаторното тело на УЕФА задолжено за контрола на ФФП.
Дополнително Вардар ќе мора да плати и парична казна од 100.000 евра. Во објаснувањето од УЕФА се вели дека клубот не ги исплатил доспеаните долгови до зададениот последен рок (30 септември) даден од Европската куќа на фудбалот. Вардар има парични казни и од УЕФА.
Покрај Вардар, идентична суспензија доби и бугарскиот клуб Левски, додека Спортинг Лисабон ќе мора само да исплати парична казна од 50.000 евра. Македонскиот вицепрвак, како што е познато, има големи долгови кон поранешни и сегашни фудбалери. УЕФА на овој начин го принудува клубот да ги исплати договорените обврски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Осимен сака да остане во Галатасарај

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија
