Connect with us

Севилја му нуди на Луис Суарез да се врати во Шпанија

Луис Суарез ја освои титулата со матичниот клуб Насионал во Уругвај, а сега повторно е потрага по нов клуб. Како што е познато, Суарез потпиша краткорочен договор со уругвајскиот клуб, до крајот на сезоната во својата татковина.


Се врати да ја одржува формата до Светското првенство во Катар, патем ја освои титулата и добро расположен го чека Мундијалот.


Во меѓувреме, Суарез очекува понуди, а иако изјави дека завршил со европскиот фудбал, понудата од Шпанија би можела да го натера да го промени своето мислење.


Севилја е сериозно заинтересирана да го доведе Суарез и го чека неговиот одговор. Клубот од Андалузија и летово се обиде да стигне до Уругваецот, но тој сепак ја одбра својата татковина.
Се очекува Суарез повторно да потпише краткорочен договор, односно до крајот на сезоната, до јуни 2023 година.


Потоа планот е тој и неговиот најдобар пријател Лионел Меси да играат повторно заедно, овојпат за Интер Мајами во МЛС – лигата на САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови