Тренерот на Работнички, Жикица Тасевски жали за испуштениот триумф против Ренова (1-1). Тој вели дека „романтичарите“ мораа на поискусен начин да го приведат натпреварот до крај.
„Имавме водство до самата завршница, а потоа ни се случи грешка со која Ренова стигна до израмнување. Моравме поискусно да го приведеме натпреварот до крај и искрено, жалиме за испуштените два бода. Поведовме во вистински момент, на самиот крај на првото полувреме, игравме добро, можевме и порано да го решиме мечот. Се држевме одлично и со играч помалку и на крајот сепак не успеавме да победиме. Ова треба да ни биде добра лекција, но нема разочарување, ќе извлечеме поуки и ќе се подготвиме подобро за следното искушение“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Работнички прими голм во судиското продолжение од натпреварот, кога Ненад Мишковски од пенал израмни на 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













