Менаџерот на Челси, Грем Потер, остана со измешани чувства по ремито 1-1 на домашен терен против Манчестер Јунајтед. „Сините“ поведоа во 87. минута од пенал на Жоргињо, но во судиското надополнување примија гол за израмнување.
Потер призна дека е разочаран од пропуштената победа, но и додаде дека, со оглед на развојот на натпреварот, ремито е фер резултат.
„Разочаран сум бидејќи поведовме со 1-0 и се гледаше крајот. Но, со оглед на начинот на кој се одвиваше играта, можеби ремито е фер резултат. Не сум убеден дека одигравме доволно добро за да победиме. Секако, стигнавме до точка каде што ја имавме победата во наши раце. По првите 30 минути ја подобривме нашата игра, но на крајот мораме да бидеме задоволни со она што го добивме“, истакна Потер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













