По победата над Севилја (3-1) во Ла Лига, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги пофали своите играчи и порача дека овој тим е најдобриот во неговата кариера.
„Не знам дали моите играчи се најсигурни, но ова е тимот што ми се допаѓа како тренер. Не ми прави проблеми и ме почитува. А во однос на квалитетот е еден од најдобрите, ако не и најдоброто, што сум го имал досега“, изјави Анчелоти.
Тој е презадоволен од трите бода и одличната игра во последниот дел од натпреварот кога беше искована победата. Италијанецот не пропушти да го забележи силното влегување од клупата на Камавинга, Лукас Васкез и на Марко Асенсио.
„Промените му дадоа повеќе енергија на тимот. Тоа се ресурси што ги имаме на клупата. Мораме да го поминеме овој дел од сезоната и да продолжиме да победуваме. Валверде доби удар во ногата и тоа е малку загрижувачки бидејќи не знам дали ќе се опорави за следниот натпревар. Но, мислам дека Бензема ќе се врати во акција. Карим е многу важен за нас и ќе биде уште поважен во вториот дел од сезоната. Винисиус имаше две асистенции, што мене лично повеќе ми се допаѓаат од головите“, дополни Карло Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













