Ливерпул ги разочара своите навивачи со пораз од Нотингем Форест, а огромни проблеми имаше и Јирген Клоп на вчерашниот натпревар бидејќи списокот на повредени играчи беше продолжен со Тијаго Алкантара.
Во моментов надвор од терените се дури осум играчи на Ливерпул, а пред натпреварот против Нотингем на овој список се приклучи и шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара кој вчера не се појави на натпреварот.
Клоп го стави Тијаго на списокот за вчерашниот натпревар, а многумина беа изненадени кога Шпанецот воопшто не се појави на стадионот на Нотингем и немаше објаснување што се случува.
Сепак, набргу потоа Клоп откри дека Тијаго морал да го пропушти овој натпревар поради инфекција на увото, па дури и завршил во болница поради силни болки во раните утрински часови.
„Тијаго доби навистина силна инфекција на увото. Немаше никакви шанси воопшто да игра и беше одлучено да си оди дома. Се разбуди во текот на ноќта со болка во увото и мораше да оди во болница за да добие помош“, објасни Клоп.
„Проблемот започна среде ноќ. Се разбудив малку подоцна, но не можеше да се донесе друга одлука освен тој да не игра. Нашиот лекар отиде со него во болница и веднаш беше јасно дека мора да мирува неколку дена додека не се смири воспалението“.
Тиаго не беше единствениот кој беше „исфрлен“ од тимот пред самиот натпревар, бидејќи Клоп не можеше да смета на Дарвин Нуњез, кој се здоби со полесна повреда, но треба да биде подготвен за натпреварот од Лигата на шампионите против Ајакс в среда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













