Фудбалската репрезентација на Македонија составена од домашни фудбалери загуби со 1-0 од Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар во Абу Даби. Останува дамка недосудениот пенал за Македонија во финишот на мечот.
Дефанзивецот Владица Брдаровски, фудбалерот на Шкупи, вели дека Македонија не заслужи пораз.
„Штета што самите не се уверивте какво судење имавме од арапските судии. Ова беше незаслужен пораз. Сите задачи кои ги добивме од стручниот штаб ги завршивме како што треба, имавме добро позиционирање на теренот и го чувавме нашиот гол. Противникот од една шанса доби гол, а судиите во два до три наврати требаше да досуди чист пенал во наша корист, ама не го направи тоа. Ама се уверивме дека можеме да играме добар фудбал дури и со репрезентации кои играат на Светското првенство. Одигравме одличен натпревар со Саудиска Арабија“, изјави Брдаровски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













