Челси ја упати првата понуда до Жоргињо за обновување на договорот. Сепак, 30-годишниот фудбалер не бил импресиониран и ја одбил, пренесува „London Evening Standard“.
Понудата на Челси беше за плата блиска до онаа што моментално ја заработува играчот, поточно 120.000 фунти неделно. Сепак, италијанскиот репрезентативец бара зголемување на платата на најмалку 150.000 фунти, исто колку што доби Цезар Аспиликуета откако се согласи повторно да потпише во текот на летото.
Желбата на Жоргињо е да остане на „Стемфорд бриџ“, па разговорите меѓу двете страни ќе продолжат и во наредните недели. Сепак, фудбалерот сака клубот да покаже дека во него гледа важен играч на кој можат да сметаат во наредните сезони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













