
Арсенал планира да го награди својот голман Арон Рамсдејл со нов договор и со поголема плата, пренесуваат медиумите на Островот. 24-годишниот голман брзо се наметна во тимот на „топчиите“ и остави одличен впечаток со своите настапи откако беше донесен на „Емирати“ во 2021 година.
Оваа сезона прими само 10 гола на 10 натпревари во Премиер – лигата, а на четири комплетно ја сочува мрежата. Тој со добрите игри им помогна на лондончани да бидат лидери на табелата.
Рамсдејл е под договор со Арсенал уште четири години, а клубот има опција да го продолжи за уште една година. Сепак, „топчиите“ веруваат дека голманот веќе се докажал како важен играч за клубот и заслужува повисока плата од таа што ја добива во моментов. Во меѓувреме, Арсенал ќе го обврзе на уште подолг период и Артета и челниците на клубот ќе бидат мирни дека ќе можат да сметаат на него во иднина.
Освен на Рамсдејл, на „Емирати“ одлучија да ги обноват договорите на голем дел од своите млади играчи кои покажаа позитивен развој во последните години. Бакајо Сака, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба исто така наскоро ќе добијат понуди за нови договори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
