
Фудбалерите на Силекс борбата за опстанок во елитното домашно натпреварување ќе ја продолжат со меч против актуелниот шампион и лидер на табелата тетовска Шкендија, в четврток во вонредното 23. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб на тимот од Кратово, Горан Симов, вели дека ги очекува меч против најдобриот тим во лигата на кој неговите играчи немаат што да изгубат.
„Не очекува тежок натпревар против најсилниот тим во лигата. Ги анализиравме, иако нема што многу да се анализира бидејќи знаеме која е Шкендија и со каков квалитет располагаат. Ветувам дека моите фудбалери ќе дадат максимум и се надевам на поволен резултат“, вели Симов.
Во пролетниот дел од сезоната Силекс на пет натпревари има само еден пораз од Академија Пандев.
„Според мене можевме и повеќе во натпреварите, бидејќи три средби ги игравме на домашен терен. Со Шкупи ни недостигаше среќа. Водевме 2-0, за потоа со автогол и со гол примен во последните минути да загубиме два бода. Со Ренова не сум задоволен како одигравме, педесетина минути игравме со играч повеќе и не успеавме да ја материјализираме бројчаната предност. Со Победа исто не одигравме на ниво, но сепак трите бода се најважни“, дополнува Симов.
До крајот на сезоната фудбалерите на Силекс ги очекува тешка борба за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
„Пролетниот дел ќе биде тежок. Моментално се наоѓаме на осмата позиција која води во баражот за опстанок во лигата. Пред нас е Македонија ЃП која има два бода повеќе. Ќе дадеме се од себе да ги поминеме на табелата и следната сезона повторно да бидеме дел од Првата лига“, заврши Симов.
Натпреварот меѓу Силекс и Шкендија во рамки на 23. коло во Првата македонска фудбалска лига на програмата е во четврток, со почеток во 14:30ч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
