Connect with us

Шкендија значително ослабена на мегдан против градскиот ривал Ренова

Шкендија значително ослабена без првиот голман Костадин Захов како и без капитенот Арменд Алими го очекува натпреварот од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига против Ренова денеска на Градскиот стадион во Тетово.

Захов заработи повреда на претходниот натпревар против Академија Пандев и дефинитивно нема да биде на располагање на Ќатип Османи, а Алими и покрај повредата го одработи последниот тренинг на „црвено-црните“ па се уште е во комбинација за настап од првата минута. Поради повреда неизвесно е колку и дали ќе може да помогне на тимот и офанзивецот Валмир Нафиу.

А, Шкендија и тоа како ја очекува тешка пресметка против градскиот ривал Ренова која минува низ одлична пролетна сезона во трката за европски излез.

ПМФЛ – 27. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови