
Се чини дека Мемфис Депај нема да оди во Јувентус. Италијанците чекаа да ги намали претензиите, но тој не се огласи, па се свртеа кон Аркадиуш Милик, кој до крајот на преодниот рок треба да се пресели во Торино.
Сега Барса е во исчекување, чекаат Обамејанг да си замине, а сметаа и дека заминувањето на Депај е сигурно, иако Холанѓанецот има договор за уште една година. Секако дека не му вреди да остане во клуб каде што нема да игра, па наводно има две решенија.
Едното е Ајакс кое би ги налутило навивачите на ПСВ Ајндховен каде што беше капитен и најдобар играч во лигата, а другиот е сензационално враќање во Манчестер Јунајтед. Медиумите на Островот најавуваат дека Депај би бил добро решение за нападот на Манчестер Јунајтед, а со тоа се согласува и Ерик тен Хаг.
Депај при својот прв престој на „Олд Трафорд“ воопшто не импресионираше и брзо замина од клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
