Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе играат во групите од Лигата на шампионите откако хрватскиот првак по продолженија славеше со 4-1 и го елиминира Бодо/Глимт во плејофот. Бепе неверојатно драматично на „Максимир“, а двајцата македонски репрезентативци одиграа 90 минути и потоа беа повлечени од игра за продолженијата.
Динамо поведе со 2-0, со головите на Мислав Оршиќ во четвртата и на Бруно Петковиќ во 35.минута. Стефан Ристовски беше асистент за фантастичниот гол на Петковиќ што го постигна со ножички.
Сепак, Бодо преку Алберт Гронбек намали на 2-1 во 70.минута и се избори за продолженија.
Во неверојатна завршница, Динамо постигна уште два гола. Јосип Дрмиќ во 117.минута погоди за 3-1, а Петар Бочкај во 120.минута стави точка со четвртиот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













