
Работнички е во налет, врза две победи во серија на гостински терен, а тимот на Баже Лазаревски денеска (16 часот) гостува во Кратово и ќе го одмери силите со Силекс. Домашниот тим грчевито се бори за опстанок, па тоа дефинитивно ќе биде интересен дуел. Бодовите им се од исклучителна важност и на двата тима.
Работнички тргнува во освојување на Кратово. откако претходно забележа успеси на Чаир и во Тетово.
„Атмосферата е многу подобра, сите сакаме победничката низа да продолжи и во Кратово. По добрите настапи против Шкупи и против Ренова, го знаеме рецептот за успех. Ќе се потрудиме да го повториме и во Кратово. Нема да биде лесно, Силекс е квалитетен тим, а потребни му се бодови затоа што се наоѓа во опасната зона на табелата. Но, и ние сакаме три бода и се надеваме дека можеме да оствариме излез на европска сцена“, вели Владимир Димитровски.
Силекс ќе биде без Момчило Митевски, кој замина од клупата поради здравствени причини, и повторно одговорноста паѓа на Горан Симов. Тој ќе мора да го извлече кратовскиот прволигаш од опасната зона на табелата.
ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО (16 Ч.)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВАРДАР – РЕНОВА
БЕЛАСИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ПОБЕДА – ШКУПИ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
