
Беласица е на деветтата позиција која ја враќа во Втората лига, тоа е секако непосакуван епилог за струмичкиот тим, па од клубот си замина Ѓоко Хаџиевски. Тоа треба веројатно малку да ги размрда фудбалерите кои се свесни дека денешната струмичка пресметка против Академија Пандев за нив е од исклучително значење.
„Бодовите се повеќе од потребни, ќе сториме се за да ги освоиме“, порачуваат од таборот на Беласица.
Академија Пандев си има други мисли, многу поубави, да издржи во битката за третата позиција, а полека фокусот се насочува и кон финалето на Купот. Сепак, далеку од тоа дека избраниците на Југослав Тренчовски не сакаат да слават во градското дерби. Напротив, максимално се мотивирани за успех против Беласица на стадионот „Кукуш“ во Турново.
Победа прави турнеја низ Македонија, денеска ќе биде домаќин во Кочани, а ќе го пречека Шкупи. Прилепскиот тим се обидува да спаси што може да се спаси, но ќе биде многу тешко да избегне најлошото. Шкупи исто така не е во елемент оваа пролет, но и двете екипи секако ќе сакаат да го свртат негативниот момент.
ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО (16 Ч.)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВАРДАР – РЕНОВА
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА
ПОБЕДА – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
