Шкендија забележа рутинска победа од 4-2 над Македонија ЃП и ја одржа предноста пред Вардар на врвот на табелата. Сепак, тренерот Ќатип Османи не криеше дека е разочаран од пристапот на својот тим откако победата веќе беше обезбедена, по големиот пад во играта на Шкендија што му овозможи на противникот да постигне два погодоци.
„Првото полувреме беше многу квалитетно, дадовме три гола и пропуштивме уште многу шанси. Во вториот дел повторно имавме моменти на слабост, упорно повторувам дека такви работи ни се случуваат, создаваме удобна предност, па се опуштаме. Не можам да критикувам кога ќе се одигра така моќно како во првото полувреме, но Шкендија е сериозен тим и треба да игра во исто темпо 90 минути, не смееме да се задоволуваме само со едно полувреме“ – истакна Османи.
Тој најави и дека на наредните натпревари шанса ќе им даде на дел од играчите кои не беа стандардни во досегашниот дел од сезоната.
„Оние играчи кои влегоа како резерви денеска ќе играат почесто до крајот на сезоната. Ќе им дадам шанса на што повеќе фудбалери кои не беа премногу активни досега, се надевам дека што поскоро ќе ја обезбедиме титулата за да немаме никаков резултатски притисок, иако нормално дека ќе бидеме максимално сериозни во пристапот на сите натпревари“ – порача Ќатип Османи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski