
Силекс запиша повеќе од значајна победа против Работнички во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига, со која продолжува битката за опстанок во елитата. Тренерот на Силекс, Горан Симов успеа да го доведе тимот до три бода кои оставаат силна надеж за кратовци во продолжението до шампионатот.
„Многу важна победа во битката за опстанок. Интересен натпревар. На почетокот многу грешевме, бидејќи притисокот беше на наша страна, поради фактот што се бориме за опстанок. Во второто полувреме ја пронајдовме нашата игра. Моите фудбалери беа поагресивни и мислам дека токму за тој еден гол бевме подобар противник на мечот. По постигнувањето на голот целиот тим беше полн со емоции и фудбалерите и ние од стручниот штаб. Честитки до Работнички за прикажаното. Мечот можеби не беше на ниво на големите лиги, но и моите фудбалери и Работнички покажаа како се игра еден важен натпревар. Многу би можеле да ни позавидат“ – вели Симов.
До крајот на сезоната, според Симов, секој натпревар ќе биде бараж за опстанок во ПМФЛ.
„Ќе биде тешко и на физички и на психички план до крајот на првенството. За нас секој натпревар ќе биде бараж за опстанок. Во секој натпревар ќе влеземе без калкулации, бидејќи секој бод е важен во нашата мисија, опстанок во Првата лига. Јас верувам во моите фудбалери, и знам дека можат да се соочат со предизвикот кој е пред нив“ – дополнува Симов.
Натпреварот од 30. коло во ПМФЛ меѓу Ренова и Силекс ќе се игра во среда во Тетово, со почеток во 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
