
Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, би можел да ја продолжи кариерата во редовите на новиот италијански прволигаш Монца.
Икарди не е прв избор ниту на новиот тренер на ПСЖ, Кристофер Галтие. Тој јасно му стави до знаење дека нема да има премногу простор за игра и дека најдобро ќе биде да ја смени средината.
Монца дефинитивно е подготвена да го доведе 29-годишниот Аргентинец во своите редови.
Главниот творец на тимот, легендарниот Адријано Галијани веќе разговарал со ПСЖ и францускиот шампион е подготвен да го пушти Икарди на позајмица.
Галијани веќе разговарал со сопругата и агентка на Икарди, Ванда Нара. Очигледно е дека славната двојка е заинтересирана за враќање во Серија А, бидејќи ПСЖ веќе дал зелено светло за реализација на зделката.
Икарди без сомнение би бил огромно засилување за Монца. Тој би ја имал улогата на прва ѕвезда на тимот и околу него би се вртела играта на овој клуб во дебитантската сезона во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички
