
Дрис Мертенс, довчерашниот фудбалер на Наполи е во преговори со Јувентус. Ова е доволно за нова бура на Апенините, посебно во Неапол каде многу лично се сфаќаат „предавствата“ на фудбалерите.
На Белгиецот му истече договорот со клубот од југот на Италија, па челниците на „старата дама“ решија да му понудат договор вреден 5 милиони евра по сезона. Ова не им се допаѓа на навивачите на Наполи, кои сигурно ќе го сметаат за предавник.
Мертенс нема ништо против да го облече дресот на Јувентус.
Се уште се свежи сеќавањата кога Гонзало Игуаин се пресели од Наполи во Јувентус, а неговите фотографии и дресови беа јавно палени во Неапол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
