Connect with us

Гвардиола: Не се грижам за промашувањата на Халанд

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не е загрижен поради тоа што Ерлинг Халанд не постигна гол на неговото деби. Првиот натпревар на Норвежанецот за „граѓаните“ беше против Ливерпул за „Комјунити Шилд“.


Тимот на Јирген Клоп победи со 3-1, а Халанд имаше две големи промашувања.

„Имаше шанси – две или три во првото полувреме и една на крајот. Се бореше многу, добро се движеше, беше на позиции. Добро е за него да ја види реалноста во нова земја и во ново првенство. Тој има неверојатни квалитети и ќе почне да постигнува голови“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови