
Новото засилување на Баерн Минхен, Садио Мане, ќе го носи дресот со број „17“. Пред него овој број го носеле Џером Боатенг, Марк ван Бомел, Кристијан Циге…
„Го избрав бројот ’17’ од оние кои беа слободни. Се надевам дека ќе славам многу успеси со него со моите соиграчи. Едвај чекам да почнам да се подготвувам за новата сезона“, искоментира поранешниот напаѓач на Ливерпул.
Баерн Минхен го купи Мане за 32 милиони евра, но договорот предвидува и одредени бонуси. На „Алијанц арена“, 30-годишниот Сенегалец ќе заработува околу 20 милиони евра годишно.
Договорот на Мане со германскиот гигант е до 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal