
„Наполитанците“ се во неволја. Пред две години тимот од југот на Италија го донесе Виктор Осимен од Лил за наводна сума од 80 милиони евра. Сепак, се чини дека Лил од споменатата сума добил само 36 милиони евра.
Тоа лето, Нигериецот стана најскапиот Африканец досега. Лил беше во сериозен финансиски проблем во летото 2020 година, а трансферот на Нигериецот им овозможи да балансираат.
Формулата за трансфер беше веднаш 70 милиони евра, плус 10 милиони преку бонуси, а потоа излезе дека договорот е вреден 50 милиони евра, а останатите 20 милиони евра се „покриени“ со заминувањата на голманот Карнезис и тројца играчи од младинскиот тим на Наполи.
Тоа беше изненадувачки, бидејќи цените на младите играчи се сметаа за „напумпани“, а уште поконтроверзен беше фактот што тројцата млади играчи никогаш не го облекоа дресот на Лил, туку веднаш беа испратени на позајмица во клубови од Серија Ц.
Сепак, бизнисот на Лил и на Наполи во моментов го истражуваат задолжените институции на УЕФА. Под истрага е и семејството Де Лаурентис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal