Ливерпул и Баерн Минхен се договорија за трансферната сума на Садио Мане. Откако ги одбија првите две понуди, „црвените“ решија да ја прифатат третата понуда.
Баварците за напаѓачот ќе платат 41 милион евра. Од 32 милиони евра се фиксна сума, 6 милиони се бонуси во однос на одиграни натпревари, а 3 милиони евра се во однос на индивидуални и тимски достигнувања.
Сенегалецот има договор со Ливерпул на уште една година, но изрази желба да го напушти „Енфилд“. Тој веќе ги договори личните услови со Баерн и ќе потпише тригодишен договор.
Разговорите денеска биле успешни финиширани, тврди „Скај Германија“, откако претставници на Баерн предводени од спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, отпатувале во Англија каде го претставиле новиот предлог на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













