
Германскиот шампион Баерн Минхен ќе ја започне одбраната на титулата во Бундес – лигата со гостување кај Ајнтрахт Франкфурт, победникот во Лига Европа, на 5 август. Во Германија шампионот го отвора првенството во првиот меч од новата сезона.
Вицешампионот Борусија Дортмунд на 6 или 7 август ќе го започне походот со Баер Леверкузен, кој минатата сезона беше третопласиран. Лајпциг ќе старртува со гостување кај Штутгарт.
Првиот натпревар помеѓу Баерн Минхен и Борусија (Дортмунд) во текот на сезоната ќе се игра во Дортмунд на 7, 8 или 9 октомври, а вториот натпревар во Минхен ќе биде на 31 март 2023 година, 1 или 2 април. Точните датуми ќе бидат објавени по преговорите со носителите на телевизиските права.
Оваа година ќе биде малку поинаква поради планираната пауза по 13 ноември, бидејќи мундијалот Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
Бундес – лигата ќе продолжи на 20 јануари 2023 година и ќе трае до 27 мај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski