Српскиот напаѓач Лука Јовиќ од следната сезона ќе игра за Фиорентина. Според медиумите во Италија, напаѓачот на Реал Мадрид се договорил на позајмица да прејде во редовите на италијанскиот калчолигаш.
Јовиќ следната година ќе ја помине во Тоскана, а Фиорентина ќе плаќа само половина од неговата плата, поточно три милиони евра, додека другата половина ќе биде обврска на Реал Мадрид.
Фиорентина нема да има обврска да го откупи договорот на Јовиќ по завршувањето на следната сезона, но лесно може да се случи позајмицата да биде продолжена на уште една година.
Тој изминатава сезона постигна само еден гол за Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













