Холандскиот интернационалец Френки де Јонг би можел да замине во Манчестер, но да го облече дресот на Сити. Радио Каталонија денеска објави информација дека Де Јонг се согласил да ја напушти Барса, но дека ќе се пресели во Сити, а не во Јунајтед.
Наводно, желбата на Бернардо Силва да го напушти Сити и да се пресели во Барселона, ја отвора вратата за мегаразмена на Манчестер Сити со каталонскиот клуб.
И Де Јонг и Силва се проценети на околу 80 милиони евра, па тоа не звучи невозможно.
Чави прифати дека Де Јонг ќе замине само доколку го добие Бернардо Силва, а Холанѓанецот сака да се приклучи на тим кој ќе се бори за трофеј во Лигата на шампионите.
Иако и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за одличниот играч за врска и холандски репрезентативец, сепак, неговиот поранешен тренер Ерик тен Хаг веројатно ќе остане со празни раце.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













