Македонскиот првак Шкендија ќе игра против естонскиот шампион Номе Калју во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, вели дека првакот на Естонија заслужува максимален респект и нема да биде потценет.
„Номе Калју доминира во Естонија во последните неколку години. Имаме максимален респект за нив. Во ова натпреварување играат најдобрите тимови од секоја држава“, изјави Ќатип Османи.
Капитенот Арменд Алими вели дека Шкендија го добила посакуваниот ривал.
„Мислам дека имавме среќа при ждребот, Номе Калју беше тим што го посакувавме за ривал. Но, не смееме никого да потценуваме. Имаме доволно време за добро да се подготовиме“, истакна Алими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













