Иван Перишиќ се повреди во последното коло во италијанскиот шампионат и ќе паузира еден месец. Тој ќе ги пропушти четирите јунски натпревари на хрватската репрезентација во Лигата на нации.
„Перишиќ денеска беше подложен на магнетна резонанца, по што беше утврдено дека поради повреда на листот ќе биде надвор од теренот околу еден месец. Селекторот Златко Далиќ и медицинската служба на хрватската репрезентација се во постојан контакт со Перишиќ“, објави ХНС.
Хрватската репрезентација се собира в понеделник на 30 мај, а во јуни ќе одигра четири натпревари во Лигата на нации – со Австрија (3 јуни во Осијек), Франција (6 јуни во Сплит), Данска (10 јуни во Копенхаген) и повторно Франција (13 јуни во Париз).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













