
Килијан Мбапе останува играч на Пари Сен Жермен откако ја доби битката за превласт во клубот со спортскиот директор Леонардо. На крајот Бразилецот ќе мора да замине, а зборот на Мбапе ќе се слуша околу изборот за нов тренер и за нови засилувања.
На Зинедин Зидан не му се допаѓа таа идеја, Мбапе да биде „закон“ во клубот, па најверојатно и нема да ја прифати понудата. Ова ќе го натера францускиот првак многу посериозно да размислува за ангажман на Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон.
Се чини дека Мбапе задоцни, дека Погба се одлучи за Јувентус, но сега никој не се сомнева дека парижаните ќе се насочат кон неговите соиграчи од француската репрезентација, Чуамени и Дембеле. Првиот треба да биде предмет на нова „војна“ со Реал, а што се однесува до Дембеле, тој е слободен играч, но се поблиску е до продолжување на договорот со Барселона.
Наводно, Мбапе побарал од клубот да го доведе Нголо Канте од Челси, чиј договор истекува во 2023 година.
Околу заминувањата, Нема понуди за Нејмар, а не се потврдени и приказните дека клубот сака да се ослободи од него. Јасно е дека нема да го пуштат без сериозна отштета.
Клубот ќе го напуштат Дракслер, Паредес, Курзава, Икарди, Дијало, Рико, Дагба…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
