Connect with us

Адеми и Ристовски пак ќе добијат нов тренер?

Пред една недела од Динамо стигна информација според која можеше да се заклучи дека Анте Чачиќ е практично сигурен за иден тренер на Динамо Загреб, со оглед дека дојде и ја освои титулата, но сега околностите се сменија. Дербито со Хајдук вчера го следел словенечкиот тренер Дарко Миланиќ, кој сега е главен кандидат за клупата на Динамо.


Поранешниот тренер на Приморје, Горица, Марибор, Штурм, Лидс, Слован и Пафос, е во сериозни преговори со Динамо, но тоа не значи дека Чачиќ ќе го напушти „Максимир“.

Актуелниот тренер на Динамо беше доведен на Максимир во време кога тимот психолошки беше на дното и кога титулата шампион беше под знак прашалник. Тој треба да се пресели од клупата во канцеларија како спортски директор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови