
Пари Сен Жермен одлучи да ја прекине соработката со спортскиот директор Леонардо. Синоќа по мечот со Мец раководството му соопштило на Леонардо дека веќе нема да ја извршува функцијата спортски директор.
Во исто време се појави информација дека неговото место ќе го заземе почитуваниот во Франција, Луис Кампос, кој со Монако правеше чуда од 2013 до 2016 година, токму кога Мбапе растеше и го направи тимот кој стана шампион пред Пари Сен Жермен. После тоа, тој ја продолжи својата врвна работа во Лил, кој исто така ја освои титулата.
Сепак, најбомбастичната вест е дека Зинедин Зидан треба да седне на клупата на парижаните.
Зидан беше една од причините зошто Мбапе сакаше да замине во Реал Мадрид пред една година. Зидан често директно комуницирал со Мбапе, но наместо во Мадрид, сега се очекува да соработуваат во Париз.
Зидан чекаше покана од репрезентацијата, сакаше да го наследи Дешамп по Светското првенство во Катар, но сега сериозно размислува да ја прифати понудата на Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?
