
Пехарот наменет за победникот на Светското првенство, пристигна во Скопје. Заедно со бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва, кој е специјален промотер, македонскиот претседател Стево Пендаровски го откри пехарот во просториите на управната зграда на „Скопска Пивара“.
Мундијалскиот пехар е на турнеја низ светот пред стартот на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година.
„Се надевам дека еден ден овој пехар ќе го крене и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија“, изјави претседателот Стево Пендаровски.
По свечената церемонија, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, му подари дрес од Македонија на бразилскиот фудбалски ас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
