
Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн е болен, но треба да биде подготвен за натпреварот со Норич. Според медиумите, капитенот на фудбалската репрезентација на Англија го пропуштил вчерашниот тренинг поради стомачен вирус кој зафати неколку лица од таборот на лондончани на претходниот натпревар против Барнли.
„Секако дека ќе биде подготвен. Хари не сака да пропушта такви натпревари “, објасни менаџерот Антонио Конте.
„Имавме неколку случаи на вирус во тимот оваа недела, да бидам искрен, но ја надминавме ситуацијата. Во овој момент, сепак, вирусот е нашиот последен проблем. Блиску сме до голем успех и целосно сме фокусирани на последниот меч од сезоната“, увери Конте.
Тотенхем утре му гостува на Норич и е многу блиску до потврда на четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
