
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го освои трофејот во Купот на Македонија. По голема борба, продолженија и изведување пенали (4-3) на крајот сепак подобри беа фудбалерите на Македонија ЃП. Голманот Стевковски ги одбрани пеналите на Алиу и на Рајков и го одведе тимот на Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА.
Финалето се игра да се победи, а не да се прикаже добар фудбал. Со оваа стратегија се служеа и двете екипи, па немаше премногу убави шанси.

Можеби најизгледната можност ја имаше Антонио Каланоски во 57.минута, кога излезе сам пред голманот на Македонија ЃП, но Стевковски му влезе во шут и успеа да исфрли во корнер. Во завршницата од регуларниот тек, „лавовите“ имаа иницијатива, но и без конкретна вистинска шанса да го загрозат голот на Даниел Божиновски. Сите шутеви кон неговиот гол беа непрецизни. Во продоженијата беше очигледно дека сите ги чекаат пеналите и на крајот Македонија ЃП излезе како победник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
