
Новиот тренер на Работнички, Александар Влахо попладнево ја имаше првата прозивка со новиот тим на стартот од летните подготовки.
Со доаѓањето на Влахо, во стручниот штаб на „романтичарите“ е приклучен и Филип Маџовски, покрај Славчо Георгиевски. Денешниот почеток на подготовките беше означен и со неколку нови имиња како Кореецот Хјунг-јон Ли, Филип Стојчевски како и Србинот Бошко Паповиќ кој ќе биде на проба наредниот период. Дополнително ќе биде приклучен репрезентативниот голман Дамјан Шишковски кој ќе се приклучи за 20 дена по завршувањето на договорот со фински РоПС.
„По подолго време Работнички не успеа да излезе на европската сцена, па затоа тимот овој период ќе го искористи за неопходната реорганизација и нова играчка консолидација. Заминаа 11 фудбалери, имаме досега три-четири нови имиња, аво наредниот период план е да се доведат уште четири-пет фудбалери за да се комплетира играчкиот кадар. Целта секако е европски излез. И покрај тоа што ќе бидеме подмладени јасно остануваат нашите зацртани цели и за новата сезона“ – истакна Александар Влахо на првиот собир со „романтичарите“.
Подготвена е и програмата за подготовките. Пред заминувањето за Банско веќе се договорени и три пријателски натпревари, на 6. јули против велешки Борец, на 12. јули против Брегалница и на 15. јули против Вардар.
По враќањето од Банско, договорен е дуел со Тиквеш на 3. август, а генералката пред почетокот на новиот шампионат ќе биде на 4. август, но противникот ќе биде дополнително одреден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
