
Комплетирајќи го ростерот за новата натпреварувачка сезона, ФК Работнички се засили и со централниот дефанзивец од Србија, Марко Клисура.
26-годишниот Клисура со „романтичарите“ се договори на едногодишна соработка, во желбата за дополнително засилување на конкуренцијата во одбранбените редови.
Последен негов клуб е Мумбаи сити од Индија, а претходно настапуваше и за ФК Букхара во шампионатот на Узбекистан. Претходно во својата кариера има настапувано и за српските суперлигаши Спартак Суботица и Нови Пазар, како и за Бачка и Младеновац.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)

Втора лига
Беласица ја доби голеадата против Скопје

Интернационалци
Елмас е во Неапол, следи потпис за Наполи (ВИДЕО)
