Connect with us

Ливерпул ги декласира „ѓаволите“ и се искачи на врвот во Премиер – лигата (ВИДЕО)

Ливерпул немаше милост за Манчестер Јунајтед, го декласира со 4-0 на „Енфилд Роуд“ и се искачи на првото место на табелата во Премиер – лигата со 76 бода, два повеќе од Манчестер Сити кој има еден натпревар помалку.

Луис Дијаз уште во петтата минута им навести на гостите дека нема добро да си поминат резултатски на ова гостување. Во 22.минута, Мохамед Салах зголеми на 2-0 и беше јасно дека бодовите ќе останат за домашниот тим.

Садио Мане во 68.минута постигна трет погодок, а Мохамед Салах во финишот уште еднаш го надмудри Давид де Хеа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови