Капитенот на Барселона, Жерар Пике, не се вознемири премногу околу скандалот што го направија медиумите во Шпанија за организација на Суперкупот на оваа земја во Саудиска Арабија.
„Ел Конфиденшл“ објави аудио разговори меѓу Пике и претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес во кои се гледа како се договораат за провизијатапшто ќе добие компанијата на фудбалерот на Барселона доколку ова натпреварување се игра во Саудиска Арабија.
„Претставници на властите од Саудиска Арабија ме контактираа со желба да им помогнам Суперкупот на Шпанија да се игра таму. Единствена нелегална работа во целата оваа работа се аудио-снимките. Пред една седмица ме контактираа уредниците на „Ел Конфиденшл“ кој ги објави снимките за да ме „известат“ што планираат да направат. Мислам дека е јасно што се обидуваа да направат. Им одговорив дека не ми е гајле затоа што нема што да кријам. Веќе некое време постоеше желба за промена на форматот на Суперкупот на Шпанија, и секако Саудиска Арабија не беше единствена опција, во игра беа и Катар и САД. Провизијата од 10% која ја наплативме е сосема нормална работа во деловниот свет и тука нема ништо спорно“, објасни Пике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













