Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, објави дека сезоната за него е завршена откако се повреди против Еспањол.
„За жал, вестите не се како што посакував и со длабока тага можам да соопштам дека не можам да му помогнам на мојот тим до крајот на сезоната. Сега можам само да навивам за соиграчите и да работам напорно за да се опоравам и да се вратам посилен“, истакна Жоао Феликс.
Португалецот се пожали на болки во мускулот и беше заменет со Французинот Антоан Гризман.
Жоао Феликс беше најдобриот играч за март во Ла Лига и ќе му недостига на Диего Симеоне во трката за пласман во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













