Нејмар ја завршува авантурата во ПСЖ. По дебаклот во Лигата на шампионите, навивачите најмногу се вртеа кон Бразилецот, кого го обвинуваат за бројните повреди и проблеми надвор од теренот, но и недоволното залагање и неспортскиот начин на живот. ПСЖ пред пет години за Бразилецот и плати на Барселона огромни 222 милиони евра, но тој никогаш не се наметна како вистински лидер на тимот.
Бразилецот ги изнервира навивачите со изјавата дека би сакал да се испроба во МЛС – лигата на САД и дека поради големиот притисок ја губи волјата за фудбал. Тој беше обвинет и дека неговото однесување придонесува за ужасната атмосфера внатре во клубот и само се чека крајот на сезоната за да се исчисти соблекувалната.
„Речиси не тренира, на тренинзите пристигнува мизерно, на работ на пијанство. Нејмар живее во духот на одмазда против ПСЖ. Тотално е на спротивна фреквенција со клубот“, вели францускиот новинар Даниел Риоло.
ПСЖ ќе ја освои титулата во Франција, но не успеа да ја исполни главната цел оваа сезона, да го освои пехарот во Лигата на шампионите. Во клубот се подготвува „чистка“ по завршувањето на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













