Навивачката група „Комити“ упати соопштение до јавноста во која го коментира диригираното судење во Втората лига Запад.
„Цела сезона сме сведоци на јасното фаворизирање на фудбалскиот клуб Воска од страна на политички структури, секако со целосна поддршка од страна на Фудбалската Федерација на Македонија. Денешното, во најмала рака срамно судење од страна на судијата Игор Стојчевски е уште еден доказ дека фудбалот во Р. Македонија не се игра за навивачите туку исклучиво за политичките елити! Ние нема да молчиме. Бараме од ФК Вардар да се огласи по повод денешното и по повод сите изминати тендециозни судења кои оделе во корист на Ф.К. Воска.
ФК ВАРДАР е поголем од сите ваши местенки и желби да го згаснете !
Ова не е амнестија за нашите лоши партии, за лошата поставеност во клубот на сите нивоа, за неискреноста, за неисполнетите ветувања за голем Вардар !
За тоа нема оправдување и никој нема да прости доколку не влеземе во прва лига !
Но тенденциозноста е очигледна, и повторно денес, како и предходно низ историјата сме опструирани од локални моќници – феудалци, порано беа Харалампие, потоа покојните Ѕинго и Таковски… Но да не заборавиме, тогаш бевме опструирани за титулата прваци, а денес за второ место во втората лига !
Воедно честитки до Вардарци за денешната победа на гостувањето кај Велешта“, се вели во соопштението на „Комити“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш













