Најтрофејниот македонски фудбалскиот клуб Вардар реагира на судењето во Втората лига Запад. Нивниот ривал Воска, редовно добива пенали, и тоа во завршницата од натпреварите.
„Дали има поента да се доигра оваа сезона? По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата. ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата? Дали ФК Вардар е трн во око некому и дали свесно треба да ја напуштиме лигата?“, велат од ФК Вардар.
Вардар и Воска се во трка за второто место на табелата во Втората лига Запад, кое носи бараж за влез во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш













