Мануел Нојер со голем успех брани во Бундес – лигата веќе 16 години. Одличниот голман во најсилната лига на Германија дебитираше во 2006 година во дресот на Шалке за кој бранеше до 2011 година, кога се пресели во Баерн Минхен.
Триесет и петгодишниот капитен на Баерн денеска би можел да собори голем рекорд и да стане играчот со најмногу победи во историјата на Бундес – лигата.
Нојер во досегашната кариера оствари 310 победи во елитниот германски фудбал и ја дели првата позиција на вечната листа со легендарниот Оливер Кан, кој своевремено го чуваше голот на Баерн Минхен.
Доколку избраниците на Џулијан Нагелсман денеска го победат Унион Берлин во мечот од 27. коло на Бундеслигата, а на голот се очекува да биде Нојер, тој ќе стане играчот со најмногу победи во историјата на Бундес – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













