
Антонио Рудигер на лето би требало да стане нов играч на Јувентус, тврди „Газета дело спорт“. Германецот ги договорил сите услови со италијанскиот клуб и треба да го напушти Челси на крајот на сезоната и да прејде во Јуве како слободен играч.
Тој ќе потпише четиригодишен договор, откако претходно не успеа да се договори со Челси за плата од 12 милиони евра годишно. Челси не сакаше да му ја даде таа сума иако наводно бил постигнат договор пред Роман Абрамович и клубот да добијат санкции.
Рудигер беше желба и на Реал Мадрид, но дефанзивецот сепак се одлучил за Јувентус.
Рудигер дојде во Челси во 2017 година од Италија, од редовите на Рома за 35 милиони евра. За лондонскиот клуб играше 190 пати и стана незаменлив член на најдобриот тим. Кариерата ја започна во Штутгарт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
