
Војната во Украина ги погоди и спортистите во таа земја, а со тоа и фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк. Со години најсилниот украински клуб сега е принуден да престане да се натпреварува, странските фудбалери, членовите на стручниот штаб ја напуштија земјата и чекаат прекин на огнот.
Тренерот Роберто Де Зерби е скршен поради целата ситуација и истакна дека сака што побрзо да се врати во Украина за да го води својот тим.
„Имав понуди, но не сакам ниту да размислувам за нив. Само сакам да се вратам во Шахтјор, дури и да нема Бразилци или да немаме тим кој се натпреварува за титулата. Цел ден гледам само вести за војната, не можам да гледам фудбал“, изјави Де Зерби.
Во моментот на прекинот на украинското првенство Шахтјор по 18 натпревари беше првпласиран, со два бода позитива во однос на главниот ривал Динамо Киев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
