Connect with us

КЛ: Рома повторно го доби Бодо за ривал, а Лестер ќе се судри со ПСВ

Италијанскиот калчолигаш Рома повторно ќе игра против норвешкиот Бодо, овојпат во четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. Феенорд за противник ја доби Славија Прага, а Олимпик Марсеј ќе вкрсти со грчкиот ПАОК. Англискиот премиерлигаш Лестер за противник го доби ПСВ Ајндховен.

Во полуфиналето, победникот од дуелот меѓу Рома и Бодо, ќе игра против подобриот од пресметката на Лестер – ПСВ.

Двојки за четвртфинале во Конференциската лига

Бодо – Рома

Феенорд – Славија Прага

Олимпик Марсеј – ПАОК

Лестер – ПСВ Ајндховен

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови