Реал Мадрид оствари триумф од 3-1 над Пари Сен Жермен, откако на неверојатен начин се врати во игра во второто полувреме на „Сантијаго Бернабеу“. ПСЖ имаше предност од еден гол од Париз, а Мбапе постигна уште еден гол и во првото полувреме во Мадрид. Но, „кралот“ Бензема го зададе последниот удар – и тоа со хет-трик.
Тренерот Карло Анчелоти е одушевен од Бензема и соиграчите.
“Победивме навистина тежок натпревар. Го искористивме притисокот што го чувствувавме на тренинзите, а публиката сè повеќе не туркаше. Испадна спектакуларна вечер и ние сме многу среќни”, изјави Анчелоти.
Тренерот на Реал Мадрид се фокусираше и на пристапот на неговите играчи кон натпреварот.
„Почнавме со вистинска енергија, но имавме потешкотии да притискаме бидејќи тие одлично се справуваат со топката. Малку ризикувавме во одбраната, во некои ситуации извисивме, но се започнува од Мбапе кој е многу опасен“, изјави тренерот на Реал мадрид.
За крај, ги сочува епитетите за Бензема и за публиката.
„Со првиот гол на Бензема атмосферата на стадионот тотално се промени и потоа беше шоу. Бензема е фаноменален, за него зборови не се потребни. Но, и без поддршката од навивачите немаше да можеме да го победиме ПСЖ. Го сменив Крос бидејќи тој долго не тренираше, а Родриго и Камавинга дадоа голем притисок“, анализираше Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













